Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026: Фокус на работниците и отворање нови можности за вработување

Владата го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Во соопштение посочува дека со усвојувањето на Планот, Владата и Министерството „ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги земе предвид социоекономските последици врз заедниците и работниците во регионите засегнати од транзицијата, со посебен фокус на отворање нови можности за вработување, преквалификација на работната сила и поттикнување одржлив локален економски развој“.
Со предвидените механизми се обезбедува координиран пристап помеѓу надлежните институции и јавните претпријатија.
-Годишниот план за 2026 година е изработен во согласност со националните стратешки документи и Реформската агенда, како и со обврските преземени во рамки на процесот на забрзана транзиција од јаглен кон одржливи и нискојаглеродни извори на енергија. Планот претставува оперативен документ кој ги дефинира конкретните активности, временската рамка, надлежните институции и потребните ресурси за негова реализација. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е задолжено да го објави Годишниот план на својата веб-страница и да ја координира неговата имплементација, додека ресорните министерства и релевантните институции ќе ги приоритизираат активностите во рамки на своите годишни програми, со редовно известување за напредокот во имплементацијата, соопшти Министерството.
Во соопштението наведува дека Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2026 година „претставува значаен чекор во насока на поефикасно и координирано спроведување на планираните реформи, зајакнување на институционалната рамка и унапредување на соработката со меѓународните партнери и финансиските институции.“
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
