Македонија
2. April 2023 - 16:30

Увозниот зеленчук е со послаб квалитет од домашниот, но е поевтин

Македонските градинарски производи на зелените пазари со цените не се конкурентни на зеленчукот од увоз. Иако, по квалитет увезените производи далеку заостануват зад македонскиот зеленчук, на купувачите приоритетна им е цената.

  • Од увоз производите на зеленчук што доаѓаат се втора класа, значи не се прва класа и затоа ја рушат цената на домашните производи. Краставицата и доматот овде, 90% се од од увоз, од Грција и Албанија- изјави Димче Колев, раководител на градаски пазар-Штип.
  • Бараат од увозното, а од нашето не сакаат, од производителите не сакаат, одат земаат од оној што го прекупил (прекупецот) и што да правиме ние земјоделците, за никаде сме- анкета земјоделка.

Скапите репроматеријали и енергенсите го десеткуваа домашното производство. Како што се намалуваат површините под оранжерии, правопропорционално опаѓа и бројот на земјоделци кои остануваат да се занимаваат со градинарство.

  • Ги намалија производтвото плашејки се од високите производствени трошоци- изјави Колев
  • Немаме наше производство, оваа година Македонија ќе биде увозно ориентирана држава. Ќе бидеме зависни од увоз на стока- анкета трговец.
  • Значи се намалува бројот на земјоделски производители, па и на трговци. Нема млад човек што ќе дојде да биде трговец или земјоделски производител- додаде Колев
  • Луѓето се иселуваат, пазарите опаѓаат. Катастрофа, нема во оваа држва некој кој мисли за народот- изјава производител.

Од домашниот зеленчук на зелените пазари што остана да доминира над увозниот е, младиот кромид, зелката и марулата, но ако им се замрзне цената, земјоделците велат дека од догодина и нив ќе ги нема.