Велика Британија воведе уште сто санкции против Русија
Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами денеска изјави дека Лондон вовел сто нови санкции против Русија, насочени кон воениот сектор, енергетиката и финансиските институции.
Тој го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен подбуцнувач“ и го повика веднаш да се согласи на безусловен прекин на огнот, со цел да се отвори патор за праведен и траен мир.
Лами ги презентираше новите санкции против Русија, кои се однесуваат на:
- набавка и производство на оружје, вклучувајќи системи како што се ракетите Искандер, кои беа користени во неселективни напади врз Украина,
- 14 членови на Агенцијата за социјален дизајн (СДА), организација за дезинформации финансирана од Кремљ, чии лидери веќе се санкционирани,
- 46 финансиски институции кои ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите,
- Берзата во Санкт Петербург и Руската агенција за осигурување на депозити, кои сега се исто така под санкции.
- Санкции за 18 бродови од руската „флота во сенка“.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја