-->
-->
Венс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна“
-->

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, денеска изјави дека доколку Русија не сака да се вклучи во преговори за прекин на војната во Украина, САД ќе мора да кажат дека тоа „не е нивна војна“.
- Рускиот претседател Владимир Путин се чини дека не знае како да ја запре војната во Украина. Свесни сме дека постои одреден застој во преговорите за војната, рече тој.
Британските медиуми пренесуваат дека Ванс за ова и серија дипломатски прашања денеска разговарал со папата Лав XIV во Ватикан.
Тој му предаде на папата и писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое го поканува да ги посети САД и Белата куќа.
На аудиенцијата беше присутен и американскиот државен секретар Марко Рубио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
