Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања

Заштитата на жртвите е приоритет, а насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања, стои во соопштението на Владата, во кое се наведува дека веќе се работи на подобрување на постојните решенија и дека надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности.
Од Владата посочуваат дека во овој процес особено е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите на насилство.
- Сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност. Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштитата на жртвите - се наведува во соопштението.
Нагласуваат дека фокусот на јавната дебата треба да остане на заштитата на жртвите, наместо, како што велат, на политичките препукувања.
МИА
Ново на Сител
-

МВР со апел – заштитете ги децата од опасностите од насилната „764” онлајн група
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
-

ОЈО Охрид: Поднесено обвинение против две лица и две фирми поврзани со смртта на Љушев
-

Светски ден на детето
