Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Владата на денешната седница ја усвои потребата од добивање итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит, со цел да се обезбеди независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на решението со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.
Во рамките на постапката, како што соопшти Министерството за правда, известителите на Венециската комисија ќе остварат средби со претставници на релевантните институции, парламентарните политички партии, деканите на петте правни факултети и претставници на студентските организации.
Предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во Министерството за правда.
-Предложениот модел предвидува единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди- нагласуваат од МП.
Венециската комисија е советодавно тело на Советот на Европа во кое се застапени 61 држави членки. Нејзиното мислење треба да обезбеди независна меѓународна експертска перспектива во оценувањето на предложеното законско решение.
-Од Владата посочуваат дека определбата е законите да се темелат на Уставот, правото и европските стандарди, а решенијата да произлегуваат од правни аргументи и стручна анализа - се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
