Во Косово убиен полициски началник
Косовската полиција потврди дека доцна синоќа во Качаник, мал град во југоисточниот дел на Косово во близина на границата со Македонија, бил убиен локален полициски началник.
Убиството на Мухамет Љика, како што се сомнева, се случило околу 23.00 часот, кога тој влегувал во својот стан. Засега нема информации ниту за сторителот, ниту за мотивите на убиството.
Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Качаник, но им подлегнал на повредите.
Канун Весељи, портпарол на полицијата за регионот Урошевац, за „Коха“ изјавил дека на местото на настанот пристигнале екипи и дека се уште не се познати околностите за инцидентот.
За сите полициски дејствија биле известени обвинителот и Полицискиот инспекторат на Косово.
„На местото на настанот пристигнаа регионални истражители и форензичари кои ќе ги извршат потребните испитувања. Причините за овој инцидент се уште не се познати“, рекол Весељи.
Ново на Сител
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЈЗ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ