Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово

За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најголема количина врнежи е измерена во Претор - 13 л/м2. Следат Охрид со 11 л/м2, 5 во Попова Шапка, 4 Пожаране, 3 Маврови Анови, Крушево, 2 Тетово и 1 л/м2 во Тополчани, соопшти УХМР.
Најниска температура од 8 степени е измерена на Попова Шапка и во Берово, 11 во Маврови Анови и Крива Паланка, 12 Крушево, Струмица, Охрид, Претор, Прилеп, 14 Тетово, Куманово, Кавадарци, Скопје-Петровец, 15 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 16 Виница, Битола и 19 степени во Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
