Во руски напад оштетена електрана во близина на Одеса, без струја 29.000 корисници
Напад со руски беспилотни летала во текот на ноќта оштети украинска електрана во близина на Одеса, на југот од Украина, оставајќи утринава повеќе од 29.000 корисници без струја.
Русија, од друга страна, утринава соопшти дека соборила 21 украински дрон над својата територија.
Во текот на ноќта 11 дронови беа соборени над регионот Волгоград во јужна Русија, додека останатите беа уништени над регионите Ростов, Белгород и Брјанск во југозападна Русија, објави руското Министерство за одбрана утринава на апликацијата за пораки Телеграм.
Гувернерот на регионот Голема Одеса, Олех Кипер, на Телеграм објави дека најтешко е погоден градот Чорноморск, веднаш до Одеса, каде во нападот биле оштетени станбени куќи и административни згради.
-Клучната инфраструктура работи на генератори, рече Кипер, додавајќи дека во нападот е повредено едно лице.
Засега нема коментар од Русија, која континуирано ја напаѓа клучната инфраструктура на Украина за време на 42-месечната војна што Москва ја започна со инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден