Македонија
31. August 2022 - 20:02

Во Штип „ги нема“ третина од првачињата

Близу една третина од првачињата во Штип, не седнаа во училишните клупи на првиот школски ден. Според податоците од МВР, во 2016-та и јануари 2017-та година, во Штип се родени 630 деца, кои се училишни обврзници за учебната 2022-2023-та година. Сепак, во сите основни училишта во општината се запишани вкупно 436 првачиња.

  • Значи околу 200 ученици се надвор од воспитно образовнио процес. Во моментот не сакам да калкулираме со податоци, каде и што е причината за отсуството на волку голем број на ученици-изјави Соња Николовска, советник на образование-ЛС-Штип.

Состојбата е повеќе од алармантна, зашто минатата година, само од ОУ „Димитар Влахов“ се отпишале 50 ученици, а причина е заминување во некоја од земјите од ЕУ и САД.

  • Трендот на масовно иселување на младите, на само во општина Штип, туку и во целата држава е загрижувачки и алармантен, уште повеќе што минатат недела самите директори споделија уште еден загрижувачки податок дека, околу 50-тина преведници или барање за отпишување на ученици кои се веќе во образовниот процес се реализирани, што е еден загрижувачки податок и аларм до државните институции да се преземат итни мерки во однос на ваквата состојба-додаде Николовска

Конечната бројка на запишани првоодделенци ќе се знае на крајот од идниот месец, а од утре стартува учебната година за 4000 основци и 2000 средношколци во штипските основни и средни училишта.