Бизнис
24. February 2022 - 16:33

Војната во Украина предизвика раст на цените на нафтата и гасот, берзите ги бројат загубите

Потоп на светските берзи, енормен скок на цената на енергенсите. Рускиот напад врз Украина ја вивна цената на нафтата. Барел достигна скоро 105 долари, што е највисока вредност во последниве 7 години. Гасот поскапе за над 35% -  1,000 кубни метри се продаваат за 1.400 долари. Европските берзи во негатива, московската привремено го прекина тргувањето – по падот од 50% утринава. По неколку часа продлжи со работа, но загуби над 25%. Рубљата потона за над 11%. Акциите на Сбербанк загубија 45% од вредноста, на Газпром над 36, на Лукоил над 20 осто. Вредноста на доларот, како и на златото порасна, на биткоинот падна. Реагираше и македонската берза. Го запре тргувањето по падот на вредноста на акциите за 10 осто, колку што е дозволениот макимум. Вистинска паника владееше на светските берзи. Ризикот од инфлации е се поголем.

Предвидувањата на аналитичарите се дека цената на гасот ќе продолжи да расте. Наскоро ќе може да достигне 2,000 доалри за 1,000 кубици. Но прашање е и дали ќе го има? Иако Европската Унијата и даде поддршка на Германија за суспензија на гасоводот Северен Ток 2, сепак нагласи дека Унијата е зависна од рускиот гас. Дури 35% од потребите се снабдуваат токму од неа. Катар предупредија дека ниту една земја нема капацитет да ја замени Русија. Тие можат да испорачаат само 10 до 15%. И додека најавите за санкции од Европа продолжуваат, незивесноста на пазарите е се поголема.