Врвниот невролог од Белград проф. д-р Владимир Костиќ стана визитинг професор во Скопје - Придобивка за студентите по медицина на УКИМ
На Катедрата за неврологија при Медицинскиот факултет во Скопје, во рамките на УКИМ, од вчера како визитинг-професор е ангажиран еминентниот невролог, научник и академик, професорот д-р Владимир Костиќ од Белград.
Неговото присуство претставува значајна можност за размена на знаења и искуства, како и за унапредување на медицинската едукација. Од Катедрата за неврологија сметаат дека оваа соработка е особена придобивка за студентите по медицина, кои добиваат можност да учат од еден од истакнатите стручњаци во областа на неврологијата и да се запознаат со современите научни достигнувања.

Во рамките на соработката, вчера во Амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, професорот Костиќ одржа предавање на тема „Нарушувања на контролата на импулсите кај Паркинсоновата болест“.
Предавањето беше можност за студентите, лекарите и академската заедница да се запознаат подетално со оваа важна тема, која ги поврзува невролошките заболувања со промените во однесувањето и контролата на импулсите.

Од Катедрата посочуваат дека ваквите академски соработки се важен чекор кон поквалитетно медицинско образование, размена на меѓународни искуства и создавање нови можности за идните лекари.
Имено, професорот Костиќ е академик и во САНУ и во МАНУ.
Ново на Сител
-

Гасот надмина 100 евра за прв пат од 2022 година, ЕСМ преговара за поевтино снабдување
-

Субвенционираниот студентски оброк ќе се зголеми, не се знае кога и за колку
-

Македонија меѓу земјите во светот со најголем број мозочни удари
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
