За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против А.М.(44), А.М.(35), Ф.А.(61) и Ѓ.К.(55), сите од Скопје и против М.М.(41) од Куманово поради постоење основи за сторено кривично дело „трговија со дете“, соопшти МВР.
Во текот на 2024 година, пријавените А.М., А.М., Ф.А. и Ѓ.К., користејќи ја финансиска состојба на пријавената М.М., која била бремена, ја измамиле така што ѝ обезбедиле финансиска помош во висина од 250 до 270 евра, како и бесплатни лекарски прегледи за незаконско посвојување на нејзиното новородено бебе. На 18.02.2025, откако М.М. родила женско бебе, со нотарска изјава му дала старателството на А.М., дека бебето го остава доброволно на чување, воспитување и издржување, за што и била исплатена сума од 4.000 евра. Од страна на судија на претходна постапка, на А.М. и М.М. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на А.М., Ф.А. и Ѓ.К. им е одредена мерка домашен притвор.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот
-
Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот