За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување

Вкупно 25 возила одзела полицијата при контроли во сообраќајот на подрачјето на СВР Охрид од почетокот на имплементација на измените во Кривичниот законик, односно од 1 февруари, информира за МИА портпаролот Стефан Димоски.
За „Безобѕирно управување моторно возило“, според информацијата, 11 возила се одземани во Струга, седум во Кичево, шест во Охрид и едно во Дебар.
- За управување моторно возило без возачка дозвола одземани се 12 возила, со активна забрана за возење - осум, четири возила биле управувани од лица под дејство на алкохол и едно нерегистрирано, појасни Димоски.
Интензитетот на сообраќајни контроли, според него, е зголемен на целото подрачје.
- Се користат и мобилни електронски камери кои се поставуваат на различни места на сообраќајниците во и надвор од градот, се интензивираат и превентивните мерки и кампањи што ги спроведува отсекот за превенција при СВР Охрид. Целта е јакнење на свеста и совеста кај возачите на моторни возила и кај сите други учесници во сообраќајот, за нагласена внимателност при учество во сообраќајот и јакнење на безбедносната култура, вели Димоски.
Забележува дека фреквенцијата и густината во патниот сообраќај на подрачјето на СВР-Охрид е во постојан пораст. Заради одржување на поволна безбедносна состојба во областа на сообраќајот, нагласи дека се преземаат плански мерки и активности на превентивен и репресивен план спрема возила и возачи.
- Активностите и мерките во областа на патниот сообраќај на подрачјето на СВР-Охрид се насочени првенствено кон овозможување непречен, уреден и безбеден сообраќај и откривање на прекршоците кои се причина за случување на сообраќајните незгоди. Редовно се преземаат мерки со цел контрола на моторни возила, контрола на патиштата за следење на прекршоците кои се животно загрозувачки како што се (управување без возачка дозвола, управување под дејство на алкохол, непродолжена важност на сообраќајна дозвола како и други прекшоци), истакна портпаролот на СВР Охрид.
Упати апел за целосно и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи и на поставената сообраќајна сигнализација што смета дека значително ќе придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и за подигнување на сообраќајната безбедност на патиштата.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
