Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии

Русија денеска соопшти дека САД ја откажале претстојната билатерална средба за нормализирање на работата на дипломатските мисии. Средбата требаше да биде дел од зближувањето меѓу Москва и Вашингтон, што почна пред неколку месеци.
– Претстојната средба беше откажана на иницијатива на американските преговарачи. Се надеваме дека паузата нема да биде предолга, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, без да ги наведе причините за откажувањето на средбата.
Разговорите се одржуваат по неколкугодишно меѓусебно прогласување на дипломатите за „персона нон грата“ и попречување на работата на соодветните амбасади во услови на екстремни тензии, особено поврзани со конфликтот во Украина.
Сепак, темпото на разговори меѓу Русите и Американците е забавено во изминатите недели.
Има многу пречки во билатералните односи и тешко можеме да очекуваме брзи резултати, наведе портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потенцирајќи дека „ќе продолжи напорната работа“.
Покрај тешкото украинско прашање, Русите и Американците сакаат да разговараат и за повеќе глобални прашања како што се нивните економски односи, безбедносната архитектура во Европа и контролата на оружјето.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
