Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен

Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, додека Државниот пазарен инспекторатот е на терен и гледа дали се почитува договорената училишна кошничка од страна на трговците, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
- Владата на седницата на 5 август донесе одлука со којашто обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15 проценти на маржата во зависност дали е на големо или на мало, а репер е цената од 1 јуни 2025 година. Задача на трговците е да означат која била цената на 1 јуни 2025 година и практично врз основа на тоа да обезбедат попуст меѓу 10 и 15 проценти и да истакнат на влезот од дуќанот натпис „Помалку трошоци, повеќе за вас“, така што Државниот пазарен инспекторат е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, рече Мицкоски при посетата на Кочани.
„Училишната кошничка“ стапи во сила на 15 август и ќе трае до 15 септември, и е предвидена да биде олеснување за семејниот буџет на родителите што имаат деца што одат на училиште. Кошничката ги содржи сите неопходни производи за почеток на учебната година по цени на нивото од 1 јуни, односно намалени од 10 до 15 отсто од моменталните.
Со одлуката на Влада од 5 август се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
