Зеленски: Путин не сака крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија одбива да прифати безусловен прекин на огнот за да продолжи со ракетните напади од Црното Море.
-Тоа е една од причините зошто Русија ја искривува дипломатијата, зошто одбива да се согласи на безусловен прекин на огнот, тие сакаат да ја задржат способноста да ги напаѓаат нашите градови и пристаништа од морето, истакна Зеленски.
Според него прекинот на огнот не е само прашање на пловидба или извоз на храна, туку и за спречување на понатамошна ескалација.
-Путин не сака да ја заврши војната. Тој сака да ги задржи средствата за ескалација во секое време, со уште поголема сила, предупреди Зеленски.
Тој повика на продолжување на притисокот врз Москва.
– Ако постои прекин на огнот, мора да биде безусловен, кој не дозволува уништување на животи. Путин одбива. Чекаме одговор од САД и исто така очекуваме одговор од сите во Европа и во светот кои навистина сакаат мир, наведе Зеленски.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
