-->
-->
18 годишник по расправија со нож тешко повредил сограѓанин во Тетово
-->

Осумнаесетгодишно момче од Тетово е приведено откако со остар предмет нанело тешки телесни повреди на 23-годишен сограѓанин по кратка расправија на улица.
Како што информираат од полицијата, на 05.03.2026 во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.А. (18) од Тетово. Тој се сомничи дека претходно, по кратка расправија на улица „173“ во Тетово, со остар предмет го нападнал С.Л. (23) од Тетово.
Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
