18 годишник со македонско потекло планирал терористички напади во Австрија
18 годишен австриски државјанин со македонско потекло е уапсен во неделата при обид да влезе во Австрија. Тинејџерот се сомничи дека планирал да изврши терористички напад, пренесуваат австриските медиуми.
Истрагата е отворена по добиени информации од странство. Според тие информации, младиот човек преку интернет активно барал податоци за изработка на бомби и можни сценарија за напади. Според полицијата, младиот човек, роден во Штаерска, со потекло од Македонија, се смета за поддржувач на исламистичка терористичка организација.
По распитот, осомничениот е префрлен во притворската единица во Леобен. За време на испитувањето, според полицијата, тој ги ублажил своите наводни намери за извршување напад.
Обвинителството побарало определување мерка притвор. Истрагата на службите за државна безбедност е во тек, а за можните цели или конкретни планови засега не се соопштуваат детали.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта