30-годишник од Шутка ја принудувал петгодишната ќерка да питачи во Дебар
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Запуштање и малтретирање дете“, по член 201 од Кривичниот законик.
- Пријавата е поднесена против С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари. На 10 овој месец во 20.40 часот, при контрола на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници, во питачење го затекнале пријавениот со неговата петгодишна ќерка. Веднаш беа повикани претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи - Дебар и адвокат за малолетници а С.Р. веднаш беше лишен од слобода, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Во рамки на засилените контроли, со цел сузбивање на појавата на питачење, ова е последователен ваков случај. Во средината на минатиот месец, дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против мајка и баба поради принудување малолетно лице да питачи.
Кривична пријава беше поднесена против Н.М.(28) од Струмица и нејзината мајка Д.Д.(57) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.
Појавата на питачење по улиците на Дебар е честа појава, посебно пред и за време на верски празници, како и во летниот период кога во родниот крај масовно престојуваат печалбарите.
МИА
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта