Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума
Центарот за управување со кризи денеска информираа дека сè уште е активен пожарот во општина Липково на подрачјето помеѓу селата Слупчане и Ваксинце. Пожарот избувна вчера во попладневните часови и зафати сува трева и нискостеблеста шума гореле во атарот на липковското село Слупчане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
На пожарот во текот на вчерашниот ден интервенирале две противпожарни возила со шест пожарникари, две екипи на кумановската подружница на „Национални шуми“, како и припадници на македонската Армија.
Екипа на „Национални шуми“ покрај интервенцијата во ноќните часови и денеска опожарените површини во атарот на село Слупчане.
-ТППЕ Куманово го локализира и заврши пожарот во село Слупчане на потегот кон селото како и на потегот кон село Ваксинце и војните магацини, нешто пред 22:00 часот. Екипите на „Национални шуми“ кои активно учествуваа во гасењето на пожарот кон пошумениот дел село Руница го локализираа во раните вечерни часови. Едната екипа се повлече од местото на настанот во раните вечерни часови, додека втората остана да дежура до доцна во ноќта, соопштија од РЦУК Куманово.
Кумановската противпожарна единица вчера интервенирала и во атарот на село Опае, каде била опожарена викендичка, како на локалитетот „Стара циглана“.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител
-
„Едвај чекам“, рече Арсовска по најавите на Ганиу дека ќе ја тужи
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен
-
Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
-
Фондот за здравство плаќал за лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот