Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето

Американските конгресмени повторно го актуелизираа предлогот за трајно воведување на летното сметање на времето преку двопартискиот предлог-закон познат како Sunshine Protection Act (Закон за заштита на сончевата светлина).
Иницијативата беше усвоена од Комисијата за енергетика и трговија на Претставничкиот дом, но за да стапи на сила, мерката допрва треба да помине низ целосниот состав на Претставничкиот дом и Сенатот.
Предлагач на иницијативата е Конгрeсменот Верн Бјуканен (републиканец од Флорида). Целта е трајно прекинување на практиката за поместување на часовниците двапати годишно. Доколку се усвои, секоја држава во САД трајно ќе се задржи на времето што се применува во летниот период (од март до ноември). Сличен предлог беше едногласно изгласан во Сенатот во 2022 година, но никогаш не беше ставен на гласање во Претставничкиот дом.
Администрацијата на Доналд Трамп ја поддржува идејата за укинување на сезонското менување на времето.
Доколку се усвои трајното летно време, тоа би значело дека во текот на летото распоредот на сонцето ќе остане потполно ист како и сега, но во текот на зимата сонцето наутро ќе изгрева значително подоцна (најчесто по 8, па дури и по 9 часот во одредени делови од земјата), но затоа вечерниот мрак ќе настапува подоцна, односно сонцето ќе заоѓа после 17:00 часот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
-

Нов модел на студентско стипендирање
