Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила

Во спомен на загинатите припадници од резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите бранители.
По повод 24-годишнината од загинувањето на осумтемина припадници од резервниот состав на Армијата, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев положи венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата во с.Љубанци, Волково, касарната „Илинден“ и Општината Ѓорче Петров, информираат од Генералштабот на Армијата.
На 10 август 2001 година со воено товарно возило на Армијата, на патот кај месноста Љуботенски бачила, при активирање на мина животот го загубија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
