Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала е прогласен за почесен граѓанин на Скопје, како признание за неговиот историски подвиг во подводната пештера Врело на Матка, каде што достигна длабочина од 338 метри и постави светски рекорд во истражувањето на подводни пештери.
Одлуката за доделување на признанието беше донесена денеска на седницата на Советот на Град Скопје, во знак на благодарност за неговиот придонес во промоцијата на Скопје и природното богатство на Македонија пред меѓународната јавност.
Рекордното нуркање беше реализирано во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, со учество и поддршка на нуркачки тимови од Македонија, Полска и Италија. Со достигнатата длабочина од 338 метри, пештерата Врело стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.
- Во мое име и во името на Советот, му изразувам огромна благодарност за експедицијата, за историскиот рекорд и за придонесот во светската промоција на нашиот град. Со ова признание, Скопје му оддава заслужена почит на човекот кој ги помести границите на истражувањето и ни даде уште една голема причина за гордост - објави на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Со прогласувањето за почесен граѓанин, Скопје му оддава признание на Питала за неговата улога во експедицијата, постигнатиот светски рекорд и придонесот во афирмацијата на градот на меѓународно ниво.
- Господин Питала остави трага во историјата на Врело и во срцето на Скопје. Од денес, нашиот град е и негов! Скопје ги памети и ги почитува луѓето што го задолжиле со своите дела - напиша скопскиот градоначалник.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
