Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања

Белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтан донесе одлука за стопирање на проектот за дигитализација на федералната полиција, наречен „и-полиција“, поради неисполнети очекувања, објави денеска бриселскиот весник „Соар“.
Весникот, повикувајќи се на извори во Кабинетот на Квинтан, наведува дека одлуката за стопирање на проектот се должи на тоа што постигнатите резултати не ги исполниле првичните очекувања, како и на сериозни недостатоци во реализацијата на договореното.
Проектот беше инициран во 2017 година со цел целосна модернизација на ИТ-алатките на федералната полиција и за негова реализација беше предвиден буџет од 299 милиони евра. Од оваа сума досега се потрошени 75,8 милиони евра.
Според најавите, полицијата има намера да врати дел од овие средства.
Изворите во Кабинетот на Квинтан за „Соар“ нагласиле дека „овој неуспех“ на проектот не значи крај на напорите за дигитална модернизација на белгиската полиција, туку само ќе биде променета методологијата, која ќе се „фокусира на целни иницијативи“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
