Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор, апелира Јанкоски од Народна банка
„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го проверите изворот – дали навистина доаѓа од вашата банка или од надлежна институција. Никогаш не отворајте е-врски, не преземајте прилози и не споделувајте лични податоци. Банките нема да побараат ПИН, лозинка или друг чувствителен податок преку телефон или е-пошта. Најбезбедно е веднаш да ја прекинете комуникацијата и да контактирате со вашата банка. Пријавувањето вакви случаи е важно и за заштита на другите корисници“, апелира Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка, гостувајќи во емисијата „Приказна“ на Македонската телевизија.
Тој говореше за сѐ почестите облици на дигитални банкарски измами, особено оние поврзани со електронската трговија. Според податоците, во 2024 година значително е зголемен бројот на измами поврзани со онлајн плаќања, особено при купување од странски електронски продавници. Овие измами се почести отколку измамите при плаќање на физичките места, што уште повеќе ја истакнува потребата од внимателност при онлајн купувањето и поголема свесност за ризиците во дигиталниот простор.
Јанкоски нагласи дека Народната банка, следејќи ги светските дигитални трендови, постојано работи на унапредување на регулативата за зголемување на сигурноста при користењето банкарски и платежни услуги. Ова се прави во соработка со банките, преку активности за запознавање на јавноста – брошури, видеоматеријали и други материјали коишто постојано ја нагласуваат најважната порака: ниту една банка нема да побара лични податоци преку порака или е-врска.
„Дигиталната писменост е особено важна за заштита од измами и за создавање безбедна дигитална финансиска средина. Со сè поголемото користење на онлајн банкарството, неопходно е граѓаните да знаат како безбедно да ги користат овие услуги и да ги препознаат потенцијалните ризици. Народната банка активно работи на ова поле – годинава, на пример, организиравме обука за наставниците за теми како лажни пораки (фишинг) и дигитални измами, за да може овие знаења да им се пренесат и на младите, кои се сè поизложени на дигиталните закани“, истакна Јанкоски.
Тој додаде дека преку усвојување нови законски решенија усогласени со европските прописи, веќе се воведени системски механизми, особено во областа на платежните услуги, коишто обезбедуваат посигурна инфраструктура за извршување на платежните трансакции.
Линк до видео изјавата: https://
Народна банка на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта