Бројот на жртви во полициската операција во фавелите во Рио де Жанеиро се искачи на 121

Најмалку 121 лице е убиено во големата полициска операција против криминалната група за трговија со дрога во Рио де Жанеиро.
Полициската операција почна на 28 октомври во две сиромашни населби во Рио де Жанеиро, при што дојде до престрелка со криминалците.
Според локалните власти во судирите загинале четворица полицајци, а бројот на повредени е непознат.
Групите за човекови права побараа истрага за смртните случаи, истакнувајќи оти тоа е една од најсмртоносните полициски операции во поновата историја на Бразил.
Полицијата соопшти дека операцијата е спроведена по едногодишна истрага за криминалната група Црвени командоси, која ја контролира трговијата со дрога и други нелегални активности во фавелите.
Црвени командоси е формирана во затворите во Рио де Жанеиро и изминатите години го проширила своето влијание.
Полицијата соопшти дека за време на операцијата уапсени 113 луѓе, а запленила 118 парчиња оружје и конфискувала повеќе од еден тон дрога.
Поради судирите помеѓу полицијата и криминалците улиците во фавелите беа блокирани, училиштата беа затворени, а локалниот Универзитет ја откажа наставата.
Полициската операција предизвика протести и обвинувања за употреба на прекумерна сила, како и барања за оставка на директорот на полицијата во Рио де Жанеиро.
МИА
Ново на Сител
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
