-->
-->
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-->

На територијата на цела држава до 18:00 часот има два активни пожари, во месноста викана Царев Врв во Кочани и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, кај ресторан „Ули“ во Тетово. Под контрола е ставен пожарот во депонијата Дрисла, на територија на општина Студеничани, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се седум пожари, од кои два во Крушево, кај село Локвени и кај градската депонија (ѓубре) и еден во општина Шуто Оризари, на ул. „Хаџи Јован Шишко“ (депонија).
Изгаснат е пожарот во општина Ново Село, кај село Мокриево (сува трева и капини), во општина Велес, кај село Раштани (сува трева), во општина Куманово, кај село Колиќко (ѓубре) и во Општина Липково, кај село Лојане (стрниште).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
