Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше

Свештената бигорска Обител информира дека во чест на денот кога Православната црква го слави споменот на светите рамноапостолни сесловенски просветители и учители, солунските браќа Кирил и Методиј, во Бигорскиот скит посветен на солунските браќа, во селото Битуше, ќе се отслужи вечерна, утрена и света архијерејска литургија.
Вo сабота, 23 мај, со почеток во 18 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба на која ќе претстои Неговото Преосвештенство, епископот антаниски г. Партениј. В недела, 24 мај, во 7.30 часот, ќе почне утрената богослужба, а во 9 часот ќе се отслужи света архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува владиката Партениј.

Во храмот, кој се наоѓа во напредна фаза на изградба, и оваа година молитвено ќе се собереме за да испросиме од Бога и од светите браќа благослов и побрзо завршување на нивниот нов дом. По завршувањето на богослужбите, во дворот на скитот ќе се одржи културно-уметничка програма. На светата литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на нашиот Старец, односно братството на Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста - објави Бигорскиот манастир.

Од година на година сè поголем е бројот на оние што присуствуваат на светата архијерејска Литургија во овој скит, оддавајќи им почит на сесловенските просветители.
Скитот посветен на солунските браќа Кирил и Методиј се наоѓа на висорамнината под планината Крчин, над долнореканското живописно село Битуше, општина Маврово и Ростуше. Темелите беа осветени и поставени на 31 мај 2014 година, а првата литургија беше одржана на 24 мај 2017 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
