Македонија
6. February 2026 - 14:53

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес

На 05.02.2026 во 20:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Р.В.(35) и У.Д.(18), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека во викенд куќа во Велес извршиле кривично дело „тешка кражба“.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.