Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп синоќа телефонски разговараа за билатералните врски и за регионалните и глобалните прашања, соопшти турската дирекција за комуникации.
Како што пренесе Анадолија, Ердоган му рекол на Трамп дека Турција „внимателно“ ги следи настаните во Сирија и дека единството, солидарноста и територијалниот интегритет на Сирија се „важни“ за Анкара.
Лидерите разменија мислења и за борбата против ИСИС и ситуацијата со членовите на ИСИС во сириските затвори.
Ердоган изјави дека „мирна Сирија, ослободена од тероризам и која се развива во сите аспекти, би придонела за стабилноста на регионот“, соопшти Дирекцијата.
Турција ќе продолжи да дејствува во координација со САД по прашањето за мирот во Газа, му порача Ердоган на Трамп, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател за поканата во „Одборот за мир“.
МИА
Ново на Сител
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
