Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во својот кабинет оствари средби со повеќе од 50 граѓани, со кои разговараше за нивните секојдневни проблеми, потреби и можностите за изнаоѓање брзи и конкретни решенија.
Како што информираат од Град Скопје, средбите се дел од редовната практика на градоначалникот за непосредна комуникација со граѓаните и запознавање со предизвиците со кои се соочуваат.
- Секој човек заслужува да биде сослушан со внимание и почит. Зад секое барање стои нечие семејство, нечие секојдневие и надеж дека ќе се најде решение. Таа доверба за мене е голема одговорност. Од овие средби секогаш заминувам со нови сознанија, добри предлози и идеи за нашиот град. Особено ги ценам мудрите совети на повозрасните сограѓани, чие искуство е драгоцено. Токму затоа, дел од приемните денови ги одржувам и за време на викендите. Да имаме повеќе простор за мирен и отворен разговор, да се посветиме на секое прашање и заедно да го побараме следниот чекор кон решение. Мојата врата останува отворена за секој човек. Да бидам достапен, да слушам и да постапувам, тоа е мојата обврска кон вас, секој ден – изјави Ѓорѓиевски.
Од Град Скопје информираат дека граѓаните кои сакаат да остварат средба со градоначалникот можат да закажат термин на телефонскиот број 02/3 279 204. Средбите со граѓаните продолжуваат и во наредниот период.
МИА
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
