Loading Video...
Свет
2. September 2023 - 16:30

Индија испрати вселенско летало на Сонцето

Откако пред 10 дена успешно слета сонда на Месечината, Индија денеска испрати вселенско летало кое ќе го проучува Сонцето.

Опремено е да ги проучува сончевата корона, хромосферата, фотосферата и сончевиот ветер. Настанот беше емитуван на националната телевизија, а неколку илјади луѓе се собраа во галеријата на Индиската организација за вселенско истражување за да го гледаат почетокот на мисијата во живо.

На леталото ќе му требаат 4 месеци за да стигне на Сонцето.