Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 1.9 %, соопшти Државниот завод за статситика.
Во ноември годинава, пак, во однос на ноември 2024 година има намалување од 2.8 %.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.6 %.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8.5 %, Капитални производи за 2.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 %
МИА
Ново на Сител
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
