Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две полнолетни лица, татко и син, осомничени за кривично дело насилство, како и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата, поради брутален напад врз маж во селото Батинци.
Според обвинителството, 41-годишниот татко, заедно со своите синови – едниот 18-годишен, а другиот 15-годишен, дошле пред домот на оштетениот и започнале да му се закануваат поради претходна расправија со малолетниот син.
- Во еден момент, почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата и целото тело, од кои удари оштетениот паднал на земја. Додека лежел на земјата, детето го удирало и со камен, па оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – фрактури и други тешки повреди во главата и телото. Сопругата на оштетениот паднала врз него за да го заштити од дополнителни удари, а притрчале и нивните деца и соседите, стои во соопштението од ЈО.
Со дејствијата на насилство, малтретирање, грубо навредување и загрозување на сигурноста, како што дополнуваат, осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв и кај членовите на семејството на оштетениот и во јавноста.
Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител побарал определување мерка притвор за полнолетните осомничени, додека за малолетникот се води постапка согласно Законот за правда за децата.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада