Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
Истражна постапка е покрената против две лица за кои постои основано сомнение дека на 10 септември во паркот „Жена борец“ во Скопје му нанеле тешки телесни повреди на едно лице по што тоа два дена потоа починал во болница.
Двете лица на возраст од 44 и 46 години, се сомничат за кривично дело „тешка телесна повреда“.
- Сите тројца се сретнале и заедно пиеле алкохол, а потоа започнале меѓусебно да се расправаат. Вербалната расправија преминала во физичка пресметка, па двајцата осомничени со удари со тупаници и клоци по главата и телото му нанеле повеќе повреди на оштетениот. Како резултат на повредите тој два дена подоцна починал во болница, информира денеска Јавното обивнителство на Република Северна Македонија.
За двете лица е побарана мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани
-
Билјана Драгичевиќ Пројковска добитничка на наградата „Ристо Шишков“
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево