Кадетките на Македонија поразени од Словачка на ЕП
Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 17 години) го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во Црна Гора. Македонија денеска загуби од Словачка со 21:34. По вториот пораз Македонија ќе разигрува за пласман.
Македонскиот тим единственото водство го имаше од 1:0, а противничките потоа направија серија од 4:0. Во финишот на првиот дел Словачка поведе и со 14:6, а со два гола Македонија го намали водството.
Во второто полувреме по 22:16 противникот направи серија од 12:3 за највисоки 34:19.
Марија Димоска и Таида Беровиќ кај Македонија со по 5 голови беа најефикасни на нашиот тим.
Утре на шампионатот е слободен ден, а во третото коло од групата Македонија ќе игра против Португалија. Почетокот на дуелот е во 19:30 часот.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството