Кампања на РСБСП: АкоПиешНеВози,АкоВозишНемојДаПиеш -„СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во пресрет на новогодишните и божиќните празници апелира учесниците во сообраќајот да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи, како што нагласуваат, тоа не претставува само прекршување на сообраќајните правила и прописи, туку и сериозен безбедносен ризик кој директно ги загрозува животот и здравјето на возачите, патниците и останатите учесници во сообраќајот.
-Празничниот период е карактеристичен по зголемена раздвиженост на населението, зголемен интензитет на сообраќајот, новогодишни прослави и семејни дружби, што објективно го зголемува ризикот од настанување на сообраќајни незгоди со тешки последици. Алкохолот значително ги нарушува психофизичките способности на возачот, ја намалува концентрацијата, го продолжува времето на реакција и ја компромитира способноста за правилна проценка и донесување одлуки во сообраќајот. Управувањето на возило под дејство на алкохол не претставува само прекршување на сообраќајните правила и прописи, туку и сериозен безбедносен ризик кој директно ги загрозува животот и здравјето на возачите, патниците и останатите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението од РСБСП.
Последиците од ваквото неодговорно однесување често се трајни и ненадоместливи – за поединците, семејствата и општеството во целина.
Во таа насока, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува јасен и недвосмислен апел до сите учесници во сообраќајот да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол, навремено да планираат безбедна алтернатива за превоз (јавен превоз, такси-служба), доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на ограничувањата на брзината на движење, почитување на сообраќајната сигнализацијата и користење на заштитна опрема, но и да покажат зголемена внимателност и одговорност кон ранливите категории на учесници во сообраќајот.
-Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите. Со почитување на законските прописи и одговорно однесување во сообраќајот, секој поединец може да придонесе празничните денови да бидат исполнети со радост и среќа, а не со трагични последици. Пораката е јасна: #АкоПиешНеВози,АкоВозишНемојДаПиеш”СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”; се вели во соопштението од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
МИА
Ново на Сител
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
-

100 возила за Пошта
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради зграда на 40 спрата во Дубаи - Филипче си купил стан
