Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител.
Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски за МИА вели дека ќе се бара мислење од ДКСК за пречекорување на овој датум. -Важно ни е да го почитуваме законот, но исто така сакаме ДКСК да има претседател бидејќи во октомври има локални избори, потенцира Сајкоски.
Комисијата треба да донесе предлог-одлука за избор на нов Народен правобранител, за огласот кој заврши во саботата, а се пријавиле 17 кандидати. Според информациите од собраниските служби, меѓу нив се актуелниот заменик правобранител Илбер Руфати, шефот на кабинет на претседателот на Собранието Дритон Небиу, Доан Сулејмановски, Мухамед Ходаи, Фатон Селами и други.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре е и Утврдување Предлог - одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ и Разгледување барање за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Седница денеска ќе одржи и Комисијата за за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во второ читање.
МИА
Ново на Сител
-
„Едвај чекам“, рече Арсовска по најавите на Ганиу дека ќе ја тужи
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен
-
Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
-
Фондот за здравство плаќал за лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Николоски: Пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
-
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител
-
Бродот амбуланта и ова лето не функционира