Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО
Директорот на ФЗО Сашо Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но, како што рече денеска, со соодветна замена во Фондот. Тој ќе биде отворен за разговор зависно од потребите, а какви било рокади, напомена, мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство
- Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор, зависно од потребите. Но, повторно ќе кажам, во ФЗО има многу што да се работи, така да какви било рокади мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство, истакна Клековски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за повредените во трагедијата во Кочани.
Ресорот здравство го водеше Арбен Таравари кој минатата недела, откако соопшти дека неговата партија излегува од Владата, и официјално поднесе оставка од министерската функција.
Ново на Сител
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми