Кривична пријава за Фатмир Дехари, вработил четири лица кои примале плата, а не оделе на работа

ОВР - Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево поради злоупотреба на службената положба, како и против четири лица кои остварувале материјална корист односно добивале плати без воопшто да одат на работа.
Според ОВР – Кичево, поранешниот градоначалник Ф.Д. (52) родум од кичевското село Србица, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со четворицата пријавени.
Тој со пропуштање на должен надзор, потоа свесно им дозволил да не доаѓаат на работа, а да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса, и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос.
На тој начин Ф.Д. во посочениот временски период го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130 илјади евра и дозволил, другите пријавени лица да се стекнат со вкупна материјална корист во износ од околу 86 илјади евра од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари, иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело.
Со пријавата се опфатени лицата Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, осомничени за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
МИА
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
