Македонија
10. November 2026 - 14:07

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.Л.(28) од Таџикистан, со привремен престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

На 08.10.2026, со цел да го продолжи привремениот престој, пријавениот до Отсекот за странци и реадмисија во Тетово доставил две исправи со невистинита содржина.