Кривична за две лица осомничени за кражба – Полицијата пронашла украден мебел, радијатори и бела техника

На 19.11.2026 во ОВР Гевгелија, е пријавено дека во атар на с.Старо Конско, гевгелиско, од мобилни монтажни објекти, сопственост на правен субјект од Гевгелија, со употреба на физичка сила и погоден алат, одземени се повеќе предмети, делови од столаријата на објектот, радијатори и други предмети.
По преземени мерки од полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија, во близина на местото е затекнат Н.Д.(42) од Гевгелија, како со патничко возило на кое имало закачено приколка ги превезува предмети.
Тој е лишен од слобода, а по дополнително преземените мерки од слобода е лишен и Л.С.(42) од Гевгелија.
Тие се сомничат дека во повеќе наврати во период од октомври и ноември 2026, од деловни објекти на правно лице лоцирани на брана „Конско“ одзеле делови од столарија, мебел, бела техника, радијатори, панел и други предмети, при што врз основа на судски наредби, биле извршени претреси на повеќе локации во Гевгелија, кои го користат Н.Д. и Л.С. при што биле пронајдени и одземени предметите и истите ќе бидат вратени на сопственикот.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, соопштува МВР.
Ново на Сител
-

Психолозите предупредуваат: Промените на расположението на децата се аларм дека нешто се случува
-

Тема на денот со претседателот на РКЕ, Ацо Ристов
-

МВР со апел – заштитете ги децата од опасностите од насилната „764” онлајн група
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
