Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош

Во чест на 82 годишнината од загинувањето на народниот херој партизанот Христијан Тодоровски – Карпош, денеска кумановци, претставници од различни институции, политички партии, здруженија на граѓани положија свежо цвеќе пред бистата на партизанот во куќата-музеј на кумановскиот командант. Христијан Тодоровски Карпош бил истакнат македонски народен херој и учесник во народноослободителната војна. Со својата револуционерна дејност и борбеност во текот народноослободителната борба тој оставил длабока трага во историјата на македонскиот народ, кажаа присутните на денешното одбележување.
- Со окупацијата во 1941 година Христијан активно се вклучува во подготовките за вооружено востание. По формирањето на воен штаб и извршените подготовки на 12 октомври 1941 година, излегуваат првите партизански одреди: Козјачки и карадачки партизански одред. Христијан е партизан на козјачки партизански одред кој излегол од местото Студена вода. Во август 1943 година со формирањето на кумановски партизански одред Карпош е поставен за командант на одредот, а на 1 декември 1943 година е поставен за командант на баталјонот „Јордан Николов Орце“. Како командант, водел значајни борби против окупаторски сили, покажувајќи исклучителна храброст, организаторски способности и пожртвуваност. Христијан Тодоровски Карпош загинал на 7 февруари 1944 година во село Билјача, во борба со бугарската војска и полиција, изјави директорката на НУ Музеј Куманово и историчар, Марија Живачки.
Неговата родна куќа денес е Куќа музеј и е значаен меморијален и културно историски објект, во кој се чуваат изложени предмети, документи и фотографии што сведочат за неговиот живот и дело и остануваат трајна вредност и историска меморија и почит. Куќата музеј на Христијан Тодоровски Карпош била отворена на 4 јули 1979 година. Претходно, со средства обезбедени од Министерството за култура, спомен куќата беше реновирана, а музејската поставка беше обновена со значајни историски експонати. Музејот е отворен за посетители секој работен ден.
Христијан Тодорвски Карпош за народен херој бил прогласен на 29 јули 1945-та година и тој еден од осумте народни херои на Куманово.
МИА
Ново на Сител
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
