Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. По пријава од Клиниката приведена е нејзината мајка, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител.
- На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител, информира денеска МВР во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
