МДТ: Владата ги усвои Законот за електронски комуникации и првиот Закон за сајбер безбедност
Владата денеска усвои два стратешки и суштински закони за иднината на дигиталното општество: новиот Закон за електронски комуникации и првиот Закон за безбедност на мрежи и информациски системи (сајбер безбедност), соопштија од Министерството за дигитална трансформација.
Со ова, како што стои во соопштението, се отвора ново поглавје во дигиталната трансформација на земјата и се поставуваат темелите за модерна, сигурна и транспарентна држава.
Овие два закона се дел од Реформската агенда за дигитализација и транспарентност, и се целосно усогласени со NIS 2 директивата на Европската Унија, како и со мислењето на Уставниот суд на РМ.
Закон за електронски комуникации, се подвлекува во соопштението, ги јакне правата на корисниците и гарантира повисоко ниво на заштита на личните податоци, воведува јасна правна рамка и транспарентност во работењето на операторите, обезбедува поголема конкурентност и регулаторна сигурност и ги дефинира надлежностите на Агенцијата за електронски комуникации, со фокус на отчетност и ефективен надзор.
Закон за сајбер безбедност воспоставува национален модел за управување со сајбер ризици, се создаваат нови институционални капацитети, Национален координативен совет за сајбер безбедност, Владин SOC – центар за одговор на сајбер инциденти, Сектор за сајбер безбедност во рамки на Владата, обезбедува поддршка за јавните институции и операторите од критичната инфраструктура и обврзува на ангажирање на сајбер професионалци во сите институции од критично значење.
– Со донесувањето на овие два закона, Македонија прави крупен исчекор во европската интеграција и ја поставува дигиталната агенда како столб на идниот развој. Ова е конкретен резултат од визијата за дигитална Македонија, транспарентна, сигурна и иновативна, стои во соопштението од Министерството за дигитална трансформација и се додава дека визуелизацијата е направена со помош на вештачка интелигенција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
