Мицкоски: Лековите за пациентите доцнеле, а за тоа никој не испратил допис
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека има нови сознанија за Клиниката за онкологија за периодот од 2021 до 2023 година.
Мицкоски презентираше извештај од Фондот за здравствено осигурување кој извршил вонредна финансиска контрола на јавните набавки на Министерството за здравство за периодот од 1 август 2021 година до 1 август 2023 година и на Клиниката за онкологија за периодот од декември 2022 до март 2023 година.
Извештајот, како што истакна Мицкоски, покажува дека лековите за пациентите доцнеле, а за тоа никој не испратил допис и не биле раскинати договорите со добавувачите, немало контрола при аплицирањето на лековите што им се даваат на пациентите кои лежат на Клиниката и се давале лекови на пациенти кои требало да ги примат на друга клиника, а за тоа нема никаква потврда дали тие лекови ги примил пациентот.
Сите документи, како што најави, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а од Анкетната комисија во Собранието бараат да го прошири опфатот и со овој период од извештајот.
- Станува збор за организирана мафија која, за жал, се уште оперира, мафија која на грбот на граѓаните заработува. Она што овде е запрепастувачки не е само криминалот, туку бездушноста да се заработува на грбот на другиот. Мора да има одговорност. Бараме Анкетната комисија во Собранието да се пришири и да биде опфатен и овој период од извештајот.. Сите наши сознанија Ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
