Македонија
8. January 2026 - 8:01

Мицкоски во посета на Општина Гевгелија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на нова градинка Сончогледи“ во Општина Гевгелија, чија изградба чинеше 56 милиони денари.

Како што информираат од владината прес-служба, при посетата на Гевгелија Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари.

Премиерот Мицкоски ќе изврши и увид во градежните работи за изградба на нов парк со детско катче со површина од 3.150 метри квадратни, каде што по завршување на активностите предвидено е да даде изјава за медиумите.

 

МИА