-->
-->
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-->
Министерството за внатрешни работи попладнево ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола на граничниот премин Блаце.
-Поради технички проблеми во текот на денешниот ден имаше краток прекин на системот на гранична контрола на неколку гранични премини кон Косово, Србија и Албанија. Во тој период се пристапи кон алтернативно евидентирање, по што за кратко време состојбата беше нормализирана. Но, во ниту еден момент не беше вратен стариот систем на контрола на граничните премини каде веќе е ставен во функција One stop системот, се наведува во соопштението.
МВР апелира да не се шират непроверени информации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу