МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми да побара медицинска помош веднаш. Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени се советуваат да избегнуваат активности на отворено. Кога е неопходно движење на отворено во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски. Ова се дел од препораките од Институтот за јавно здравје во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи.
Како што информира Министерството за здравство, во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот. Да исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите;
Се препорачува редовно да се следат официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот.
- Установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа ранлива група. Да се воздржи од контакт или приближување до отпад од т.н. погодени подрачја сѐ додека не се добие официјална дозвола за пристап. Да се почитуваат сите инструкции од јавноздравствените институции и службите за итна помош, како и насоките за евентуална евакуација ако таа е препорачана од компетентна надлежна институција. Овие мерки имаат за цел да ги намалат непосредните здравствени ризици и да обезбедат заштита на заедницата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство